Tesla Model Y е најпродаван автомобил во светот

Уште во август 2022 година, извршниот директор на Tesla, Илон Маск, за време на годишниот состанок на акционерите најави дека Model Y ќе стане најпродаваното ново возило во светот во 2023 година.

Голема вест за автомобилската индустрија. Податоците на компанијата Jato Dynamics од пазарите ширум светот покажуваат дека Tesla Model Y е најпродаваниот автомобил во светот во првиот квартал од оваа година.

Уште во август 2022 година, Илон Маск објави дека Model Y ќе стане најпродаваното ново возило во светот во 2023 година. Иако брендот растеше многу брзо, тоа сепак се сметаше за преоптимистичка цел, со оглед на високата просечна цена на овој електричен SUV со средна големина.

Но, неодамнешните намалувања на цените и глобалната експанзија на Tesla ја поттикнуваат побарувачката за Model Y. Тој беше трет најпродаван автомобил минатата година, зад две многу популарни имиња: Toyota RAV4 и Toyota Corolla.

Според податоците од 152 пазари, Tesla продал 747.500 примероци Model Y во 2022 година, што е зголемување за 91 отсто во однос на 2021 година, пишува Motor1.com.

Податоците собрани за првиот квартал од 2023 година покажуваат дека Model Y го предводи патот со 267.200 продадени возила. Ова е зголемување за приближно 69 проценти во однос на истиот период лани.

Моделот Y имаше силно претставување во Кина, нејзиниот основен пазар, во Соединетите Американски Држави, каде што порасна за 68 отсто, и во Европа.

Toyota Corolla е на второто место, и покрај тоа што во нејзината продажба се вклучени сите достапни типови на каросерија: седан, караван и хечбек.

Corolla, која со години беше еден од најпопуларните автомобили во светот, забележа пад на продажбата во првиот квартал, кога беа испорачани 256.400 примероци.

Сепак, разликата меѓу овие два модели не е толку голема, што значи дека може да има промена до крајот на годината.

На трето место е исто така Toyota, моделот Hilux, со 214.700 продадени возила.

Тагови
реклама

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Авто новости

BMW XM изненади на „тестот за избегнување лос“

Read more

Huawei објави први фотографии и детали од автомобилот Aito M9

Read more

Volvo им кажа „збогум“ на дизелите

Read more

Новиот Renault Kangoo нуди дури 1.024 конфигурации на седиштата

Read more
 

Автомобили

  • filter

Розев BMW M4 Competition доаѓа од работилницата на DarwinPRO Aerodynamics

Читај повеќе
  • play_arrow

BMW XM изненади на „тестот за избегнување лос“

Читај повеќе

Huawei објави први фотографии и детали од автомобилот Aito M9

Читај повеќе

Volvo им кажа „збогум“ на дизелите

Читај повеќе
  • filter

Новиот Renault Kangoo нуди дури 1.024 конфигурации на седиштата

Читај повеќе
  • filter

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

YangWang U8: Кинески теренец со 1200 КС кој ќе издржи и поплава

Читај повеќе

Кои се најпопуларните брендови на автомобили во Европа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Mini eMastered е сè што барате од мал градски електричен автомобил

Читај повеќе