Tesla руши рекорди на тркачките стази

Американскиот производител на електрични возила соопшти дека унапредената верзија на електричната лимузина Model S забележа најдобар резултат во класата седани со 4 врати на познатата калифорниска стаза Лагуна Сека.

Со оглед на неверојатните перформанси на автомобилите на Tesla, многумина сметаат дека на овие возила не им е место на тркачките стази. Компанијата одлучи да ги побие овие верувања.

Од Tesla наведуваат дека прототипот Model S „Plaid“ направил круг на стазата на Лагуна Сека за 1 минута и 36,55 секунди и тврдат дека тоа е за цела секунда подобро време од досегашниот рекорд во класата на лимузини со 4 врати.

Овој резултат претставува големо охрабрување со оглед на тоа дека Tesla сака да се покаже како конкурентна на Porsche Taycan.

Освен тоа, Tesla потврди дека работи на развивање на високите перформанси на Мodel S, кој ја носи ознаката „Plaid“. Првиот човек на Tesla, Елон Маск на Twitter откри дека погонскиот систем на Model S „Plaid“ се состои од три електрични мотори.

Откако ќе заврши развојот на овој систем, „Plaid“ ќе биде понуден како опција со доплата на Model S, Model X и новиот Tesla Roadster.

„Plaid“ ќе биде достапна во втората половина на 2020 година.

реклама

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе