Авто новости

Tesla се поблиску до постигнување на целите во производството на Model 3

12. јуни 2018 - 14:25 | М.Д.

Американскиот произведувач на електрични автомобили, Tesla, е се поблиску до целите кои се поставени за производство на Model 3.

После повеќемесечни проблеми со застој во производната линија, Tesla конечно успеа да направи напредок.

Според последните проценки на „Bloomberg“, Tesla заклучно со минатата недела произведе 35.631  Model 3, што е просек од 2.560 единици неделно.

Целта на Tesla e производство на 5.000 возила неделно до крајот на третиот квартал, а ако напредокот продолжи, тоа ќе значи дека на компанијата и остануваат околу 20 дена да го достигне тоа ниво.

Покрај тоа, Tesla е на еден месец од постигнување на полно годишно производство на Model 3 од повеќе од 50.000 единици, што е повеќе од изводливо.

Производството на Model 3 по квартали:

Квартал 3 2017 година – 250 произведени, 222 испорачани.

Квартал 4 2017 година – 2.425 произведени, 1.542 испорачани.

Квартал 1 2018 – 9.766 произведени, 8.182 испорачани.

Квартал 2 2019 – Досега 23.000 + произведени, 20 дена до крајот на кварталот.

Коментирај