Tesla укинува уште една програма за да заштеди пари

Американската компанија за електрични возила Tesla продолжува со мерките за штедење.

Компанијата ја укинува програмата за препораки со која постојните сопственици на Tesla возила може да им дадат на пријателите код со препорака со кој добиваат шест месеци бесплатно користење на мрежата за полнење Supercharger.

Програмата ќе заврши на 1 февруари, соопшти сопственикот на Tesla Елон Маск преку Twitter.

Според последниот квартален извештај, Tesla го пријави првиот профит после две години и објави нето профит од 311,5 милиони долари.

Tesla ја почна програмата за препораки во 2015 година со цел да ги претвори првите муштерии во еден вид референти за продажба.

Новиот купец добива убава поволност, а оној што ја дал препораката добива различни награди, како домашна батерија Powerwall. А Tesla само го зголемува бројот на муштерии.

Низ годините, програмата помина низ неколку верзии, а во последно време наидоа на проблеми со нереализирани награди и неискористени кодови.

реклама

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе