Авто новости

Tesla во офанзива: Елон Маск го потврди Model Y

11. април 2017 - 14:41 | Д.Л.

Елон Маск ги потврди шпекулациите за новиот електричен кросовер. Новиот Model Y ќе биде позициониран под актуелниот Model X, a ќе ја користи основата на Model 3.

Со обзир на актуелниот тренд на растот на популарноста на компактните кросовери, ваквата одлука на Tesla e сосема очекувана.

За очекување е дека Model Y ќе биде попопуларен и од Model 3 кој уште на невидено собра преку 400.000 резервации. Уште минатата година, Маск кажа дека Model Y би бил логично продолжение на приказната.

Коментирај