Тесно им е во 790 квадратни метри: Криси Тајген и Џон Леџенд го продаваат домот во Беверли Хилс
Помалку од една недела откако соопштија дека го очекуваат третото дете, Криси Тајген и Џон Леџенд решија да ја огласат луксузната куќа во Беверли Хилс и да бараат поголем дом.
Со проширувањето на семејството изгледа ќе им биде тесно во овие 790 квадратни метри, па веднаш почнаа да бараат нов дом, додека стариот го продаваат за 23.950.000 долари.
Криси, Џон, нивните две деца и нејзината мајка живееја во раскошната куќа што ја купија од Ријана во јануари 2016 година за 14,1 милиони долари, па ја преуредија во свој стил.
Куќата има седум спални соби и осум бањи, соба за забава, киносала, приватна теретана и играчница, како и огромна опремена кујна каде Криси го поминува најголемиот дел од времето.