Тест за издржливост: 5.000 километри поминати со константни 300 км/ч

Тестот беше спроведен на патеката Нардо во Италија како дел од последните тестови на новиот модел Porsche 911 GT3.

Тешко заработената репутација низ историјата, Porsche ја одржува со тоа што секој модел го подложува на ригорозни тестови пред лансирањето.

Така, новиот 911 GT3, како дел од тестот за издржливост на моторот помина 5.000 километри со константна брзина од 300 километри на час, а тестот беше накратко прекинат само за полнење гориво.

Тестот беше изведен на познатата кружна тест-патека Нардо во Италија, чија должина е 23 километри. Автомобилот мина околу 217 круга на оваа патека за нешто повеќе од 16 часа.

Porsche пред завршните тестови го тестираше моторот во различни работни услови, а на тестовите беа потрошени дури 22.000 работни часови.

Новиот 911 GT3 имаше премиера во февруари 2021 година.

Remote video URL

Го напојува 6-цилиндарски 4,0-литарски атмосферски бензинец кој „врти“ до 9.000 вртежи во минута.

Моторот произведува 510 коњски сили (375 kW), што е доволно за забрзување од 0-100 км/ч за 3,4 секунди и да развие максимални 320 км/ч.

Продажбата започнува во мај, а почетната цена е околу 152.000 евра.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе