Револуционерните гуми на Michelin беа тестирани до брзина од 210 км/час.

Наспроти најавите дека Michelin ќе лансира револуционерна безвоздушна гума на пазарот во 2022 година, производителот информира дека тестирањата при големи брзини се успешно завршени.
Годините на развој завршуваат, а сега гумите го поминаа тестот за брзина со 210 км/час и на тој начин станаа компатибилни за употреба на полициски возила, дознава The Drive.

Бруно де Ферауди, потпретседател на Michelin, рече дека полициските сили се многу заинтересирани за тестирање на нивните гуми, пред сè затоа што криминалците често ги оневозможуваат нивните автомобили токму со дупчење на гумите.
„Значи, тие сакаа да го тестираат Uptis и го тестираа со 210 км/час на нашиот внатрешен тест полигон. И добро функционираше“, рече Де Ферауди. Не е познато на кои автомобили е тестирана гумата.
Да потсетиме, според последните најави, комерцијализацијата на гумите Michelin Uptis би требало да започне следната година.