Тестостеронот е причината зошто мажите сакаат скапи работи

Ново истражување објавено оваа недела укажува на нови академски сознанија кои се истовремено поучни и забавни. Имено, според истражувањето, мажите кои имаат повисоко ниво на тестостерон имаат и поголема тенденција на купување скапи работи.

Со автори од Caltech, Училиштето Вартон, INSEAD, Лабораторија ZRT и Универзитетот од Сорбона, истражувањето тврди дека има мерлива врска помеѓу хормонот тестостерон и желбата на луѓето да купуваат скапи брендови и производи.

Ако мислевте дека ви се допаѓа автомобил како Bugatti Chiron поради неговите перформанси, раскошните материјали од кои е направен или пак феноменалниот изглед, размислете повторно. Вие само реагирате на машката потреба за ексклузивност и супериорност.

„Во нашио најблизок животински вид (мајмуните), мажите трошат многу време и енергија за да воспостават доминација. Истото го правиме и ние, но нашите оружја се нашите облеки, возила и живеалишта наместо нашите канџи, тупаници и мускули“, вели ко-авторот на истражувањето, Колин Камерер.

Тестостеронот отсекогаш бил поврзуван со агресивност и ефект на преокупирање со статусот во општеството кај машките единки, а некои претходни истражувања го потврдуваат истото. За ова истражување, научниците регрутираа 243 мажи на возраст од 18 до 55 години. Половина од нив добија тестостеронски гел а другата половина доби пласибо лек. Потоа, тие беа запрашани колку преферираат поскапи брендови (пр. Armani) наспроти брендови од солиден квалитет кои не се сметаат за луксузни (пр. North Face). Волонтерите кои го консумираа тестостеронскиот гел почесто ги избираа поскапите, луксузни брендови.

Во вториот дел од истражувањето, волонтерите гледаа три различни реклами за истиот производ (пр. часовник). Едната реклама го нагласуваше високиот квалитет на часовникот, друга го нагласуваше неговиот луксуз, додека третата нагласуваше дека тој е моќен. Мажите требаше да оценуваат колку им се допаѓа секоја од рекламите на скала од 1 до 10, а оние кои добија дополнителна доза тестостерон најдобро ја оценија рекламата која алудираше на луксузноста на производот, додека останатите две реклами не поминаа баш најдобро кај нив.

Додека овие наоди можат да им помогнат на компаниите кои се рекламираат, за нас е поважно да ставиме фокус на нешто што многу ретко обрнуваме внимание во секојдневниот живот – како хормоните влијаат на нашиот избор.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе