Тестови ја докажаа точноста на теоријата на релативност на Ајнштајн

Гравитацијата работи онака како што се очекува, дури и на најголемата скала. Во истражувањето направено неодамна, преку најригорозниот тест досега, беше докажано дека теоријата на релативност на Алберт Ајнштајн е вистинита.

Теоријата на релативност според Ајнштајн предлага (наједноставно кажано) дека сите објекти паѓаат на истиот начин, без разлика на нивната маса или нивниот состав, односно дека сите објекти подеднакво ја чувствуваат силата на гравитацијата. Тоа значи дека ако фрлите, на пример, јаболко и топка за куглање од зграда, тие ќе паднат на земја во исто време. Ова е само еден дел од теоријата за релативност, наречен „теорија на генерална релативност“.

Но, голем број научници и луѓе поврзани со науката веруваа дека тоа не е вистина. Тие сметаа дека во случаи на екстремна гравитација, алтернативните однесувања на гравитацијата можат да бидат забележани. Но, со тестирање на оваа теорија во најекстремната можна околина – систем составен од три ѕвезди - таа и понатаму беше докажана како точна.

„Истражувањето покажа дека рутината и внимателното набљудување на далечните ѕвезди може да ни овозможи тест со висока прецизност за една од основните теории на физиката“, вели Ингрид Стерс, професор на департманот по физика и астрономија на UBC и ко-автор на истражувањето.

Тоа беше спроведено во она што научниците го нарекуваат „природната лабораторија“ – систем од три ѕвезди наречен PSR J0337+1715, кој е лоциран на 4.200 светлосни години оддалеченост од Земјата. Екстремните услови таму служат како корисен начин за научниците да спроведуваат тестови во такви ситуации.

„Ова е уникатен ѕвезден систем. Не знаеме за ниту еден сличен на него. Ова го прави специјална лабораторија за тестирање на теориите на Ајнштајн“, вели Рајан Линч од опсерваторијата Green Bank во Западна Вирџинија, исто така ко-автор на истражувањето.

Во тој систем се наоѓа неутронска ѕвезда во 1,6-дневна орбита заедно со бела џуџеста ѕвезда, а овој пар се наоѓа во 327-дневна орбита со уште една бела џуџеста ѕвезда многу оддалечена од нив. Научниците го набљудуваа овој систем со години, и неутронската ѕвезда испраќа неверојатно постојан пулс, што значи дека таа може да биде следена со екстремна прецизност.

Ако останатите теории за гравитацијата се точни, тогаш неутронската ѕвезда и внатрешната бела џуџеста ѕвезда ќе паѓаа кон надворешната бела џуџеста ѕвезда на различен начин една од друга. Бидејќи внатрешната мала џуџеста ѕвезда не е масивна или компактна како неутронската ѕвезда, ако теориите за гравитациона врзувачка енергија имаа ефект тогаш таа ќе беше видлива од Земјата.

Научниците не видоа ниту еден ефект, што кажува дека теоријата за релативност на Ајнштајн е вистинита дури и во толку големи размери.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе