Тестови на црниот дроб: Што сè мерат и кога треба да ги направите?

Тестовите на црниот дроб се збир на крвни анализи со кои се следи функцијата на црниот дроб и се откриваат неговите болести и оштетувања.

Овие тестови ги мерат нивоата на разни ензими, протеини и супстанции во крвта кои црниот дроб ги произведува или обработува. На нив упатува лекарот кога ќе се појават одредени симптоми.

Овие тестови се збир на крвни анализи кои се користат за проценка на функцијата на црниот дроб и откривање на неговите евентуални оштетувања или пак болести.

Зошто треба да се направат тестови на црниот дроб?

Се препорачуваат да се направат во случај на појава на симптоми или состојби кои би можеле да укажуваат на проблеми со црниот дроб.

Тестовите се прават од примерок на извадена крв, а пред самото вадење крв, отприлика 10 до 12 часа, не смее да се јаде ниту пие ништо освен лековите кои ги земате редовно.

Најчести симптоми поради кои се прават тестови на црниот дроб се:

  • жолтило на кожата и белките на очите
  • болка во горниот десен дел на абдоменот
  • темна урина и/или светла столица
  • надуеност и тврд стомак
  • лесна појава на модринки
  • зголемен црн дроб
  • честа слабост и мачнина
  • чешање
  • отекување на нозете и глуждовите

Овие тестови затоа се користат за откривање на инфекции на црниот дроб како, на пример, хепатитис. Со нив може да се откријат и оштетувања на црниот дроб како цироза, а служат и за надзор на процесот на лекување на болести кои влијаат на црниот дроб.

Освен тоа, се спроведуваат и за надзор на можното влијание на некои лекови врз црниот дроб.

Што сè мерат тестовите на црниот дроб?

Како што е веќе наведено, тестовите на црниот дроб обединуваат мноштво анализи поврзани со функцијата на црниот дроб, а некои од вообичаените тестови се оние кои мерат:

Аланин трансаминаза (ALT/SGPT)

ALT е ензим присутен во црниот дроб кој помага во претворањето на протеините во енергија потребна за работа на црнодробните клетки. Кога црниот дроб е оштетен, ALT се ослободува во крвотокот што го зголемува неговото ниво.

Аспартат трансаминаза (AST/SGOT)

AST е ензим кој му помага на телото да ги разградува аминокиселините. Зголеменото ниво на AST може да укажува на оштетување и болести на црниот дроб и оштетување на мускулите.

Алкална фосфатаза (ALP)

ALP е ензим присутен во црниот дроб и коските и е многу важен во разградувањето на протеините. Покачените нивоа на ALP може да укажуваат на оштетување на црниот дроб, затнат жолчен канал или дури и болести на коските бидејќи овој ензим се наоѓа и во коските.

Албумин и вкупни протеини

Еден од неколкуте протеини кои ги произведува црниот дроб е и албуминот, а овие протеини му се потребни на телото за да се бори против инфекции и за други функции. Ако нивоата на албумин и други протеини се пониски од вообичаените, тоа може да укажува на оштетување или болести на црниот дроб, но и на гастроинтестинални и бубрежни состојби.

Билирубин

Билирубинот е супстанција која настанува за време на разградувањето на црвените крвни клетки. Поминува низ црниот дроб и се излачува со столицата. Покачените нивоа на билирубин може да укажат на болести и оштетувања на црниот дроб.

Гама глутамат транспептидаза (GGT)

GGT е ензим присутен во крвта, а покачените нивоа, меѓу другото, може да укажуваат на оштетување на црниот дроб или жолчните канали.

Протромбинско време (PT)

PT е времето кое е потребно за да се згрутчи крвта, а продолженото PT време, освен ако не земате лекови за разредување на крвта, може да укажува на оштетување на црниот дроб.

Тагови
реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Read more

Здравје

Придружни симптоми на отечени стапала што не треба да се игнорираат

Read more

Што треба да правите за да имате здрави коски на постари години?

Read more

Која храна го попречува дејството на лековите?

Read more

Науката потврди: Мачнини за време на бременоста се поверојатни ако носите женско бебе

Read more
 

Магазин

Немате време за вежбање? Само 5 минути активност можат да ви бидат од корист за здравјето

Читај повеќе

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Читај повеќе

Работи што треба да ги знаете ако пиете кафе веднаш по будењето

Читај повеќе

Карактерот, средината и моќта на вистинските тимови

Читај повеќе
  • filter

Како модерниот дизајн ја избриша топлината од работите што нè опкружуваат?

Читај повеќе

Навики што родителите треба да ги воведат во утринската рутина на децата

Читај повеќе

Која разлика во годините на партнерите е најдобра за преживување тешкотии во бракот?

Читај повеќе

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Читај повеќе

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Читај повеќе