Тетовчанката Мелиса го победи COVID-19: Не знае како се зарази, но не дозволи да го пренесе вирусот на некој друг

Мелиса Ценовска од Тетово е една од стотината луѓе кои ја поминаа голготата наречена COVID-19.

Иако спаѓа во категорија на млади лица, со неполни 30 години, таа имала позитивен тест, а болеста за среќа ја поминала без поголеми компликации, со лечење дома. Првата битка и страв кај неа дали ќе ја пренесе короната на некој друг. За среќа тоа не се случило во сите изминати денови на опоравување.

-Резултатот е секако шок. Не е пријатно, но во ниту еден момент не се поколебав кој ќе биде мојот прв чекор во борбата со овој вирус. Информирање на сите мои контакти, до последен. Апел да се чуваат и да ме информираат за својата состојба. Имаше меѓу нив и од оние кои спаѓаат во високо ризичните категории. Се плашев, повеќе за нив од што за себе. Јавно и гласно сакав секој да знае и во најбрз можен рок да преземе дејствија, раскажува Мелиса, инаку и дипломиран економист која е вработена во Управата за јавни приходи во Тетово.

Симптомите ги почувствувала четири дена пред тестирањето, за кое самата била упорна да го направи. Биле незабележливи симптоми, но главниот бил губењето на осетот за мирис.

-Симптомите одеа вака. Понеделник кивање, вторник затнат нос, среда вечерта губење на осетот за мирис, кивање нема, носот не е затнат, но мирис нема. Тоа е симптомот. Тоа нѐ наведе на брис во петок. Сабота резултат и изолација. Во текот на целото „боледување” немав покачена температура, кашлање, кивање и сл. само мали компликации предизвикани од дејството на антибиотикот. Многу витамини, течности, објаснува таа.

Строгата изолација дома ја поминала заедно со ќерка ѝ која има неполни 4 години и која за среќа останала негативна на тестовите. Се изолирале дома и другите членови на семејството со кои имала непосреден и близок контакт, а воедно и без нова зараза.

-Стигнаа резултатите на моето семејство, сите негативни. Се плашев за ќерката која и покрај негативниот резултат мора да дели домување со мене. Седев со две маски, постојано правев дезинфекција и се боревме заедно со желбата да излезе надвор. Издржавме и да одржувме дистанца со најмилото. И другите членови на семејството немаа никакви симптоми. Изолацијата изгледаше страшно првите денови, но стана навика, мора да се почитува, така ќе се избориме. И навистина. Куќата е „аптека”, сѐ е чисто, ние си наоѓаме занимација на разни начини. Помина. И се изненадив колку бргу. Кога имаш пријатели колку што имам јас (прекрасни луѓе) нема да ти недостасува дружба. Постојано сме во контакт, најблиските доставуваат храна, сѐ е по протокол, сите се грижат и тоа е модусот за силата на моето трпение. Фала им на сите. Секојдневно бодреа и пружаа љубов. Кога сѐ помина јас сум среќна. Тоа дека нема ниту еден заразен ми докажа дека и меѓу себе сме се штителе, а и дека сме силни. Посакувам ова да заврши, луѓето се во постојана грижа и со право. Некои ќе поминат тешко, некои полесно, а некои како мене без никакви компликации. Дај Боже сите да поминат како јас, а другите да соберат сила да бидат повторно добри, рече Мелиса.

Според неа, институциите се на ниво на задачата. Сепак и луѓето треба да се придржуваат до советите како пациенти за да можат лекарите да си ја вршат работата. Постојано била на телефон, од службите се јавувале како да постапи.

– Мојот матичен лекар Тимосије Јовановски го предвиде резултатот и веднаш препиша терапија, а веќе утредента од опишувањето на симптомите закажа термин за тестирање. Максимално посветено целиот тој тим кои се матична „куќа” на целото семејство се погрижија за секој еден од нас. Центарот за јавно здравје од Тетово ја презеде задачата и во текот на целата оваа борба обезбеди навремена поддршка со почитување на времето на земање на првичните брисеви како и на крај контролните. Докторката Зорица, Јовица, Оливера и целиот тој тим кој секојдневно е на маргините во контакт со нас „заболените”. Тие се хероите. Полициските служби, инспектор Мирче е во постојана комуникација со сите нас и нуди помош во текот на нашата домашна изолација заедно со неговиот тим на службеници, објаснува Мелиса.

На прашањето дали знае од каде може да го има добиено коронавирусот таа објаснува дека никогаш нема да се дознае бидејќи сѐ е можно. Сега по двата негативни тестови, веќе се пријавила да донира крвна плазма со цел да помогне во нечие лекување.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе