Хроника

Тетовец нападнал сограѓанин со нож и пружал отпор при апсење

14. јуни 2019 - 17:01 | МИА

На 13 јуни 2019 околу 22.00 часот во Тетово полициски службеници го привеле Е.А.(31) од Тетово поради тоа што околу 20.20 часот на ул.„Кавкаска“, по претходна расправија, Е.А. со остар предмет му нанел повреди на Р.А.(28) од Тетово.

РА. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза “ во Скопје за укажување на помош.

При приведувањето Е.А., дал отпор и физички нападнал полициски службеник.

Е.А. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Коментирај