Тетовец уценуван за разголени фотографии од Французинка која ја запознал на Facebook

Тетово, 7 октомври 2019 (МИА) – Млад жител на тетовско село на социјалната мрежа Facebook добил понуда за пријателство од Французинка, а комуникацијата стигнала до размена на фотографии и видеа со компромитирачка и контраверзна содржина. Сепак, комуникацијата завршила со уцена на наводната Французинка дека неговите „голи“ фотографии ќе бидат јавно објавени доколку не и даде одредена сума пари.

Потоа младиот тетовец го пријавил случајот во СВР Тетово, па оттаму службите за компјутерски криминал сега истражуваат за што станува збор.

-Ова не е единствен пријавен случај. Има и такви кои на Facebook, „Instagram, виделе нивни фотографии објавени од други лица придружени со навредливи текстови и пораки за трети лица. Оттаму, се апелира до корисниците на социјалните мрежи да се воздржат од вакви злоупотреби, но и од невнимателно споделување на лични податоци, без при тоа адекватно да ги заштитат, посебно при контакти со непознати лица од други места или држави, при учества во фиктивни наградни игри со лажни добивки и при практикување на онлајн нарачки, истакнува Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово укажуваат дека злоупотребувањето лични податоци претставува кривично дело, за кое е предвидена парична и затворска казна до една година (член 149 од Кривичниот законик). Доколку злоупотребувањето го извршило службено лице при вршење служба, ќе се соочи со затворска казна од три месеци до три години. 

реклама

Морничави остатоци од напуштени хотели низ Југославија

Read more

Овие хороскопски двојки не се идеални, но може да успеат

Read more

Измачувал животни и се фалел на социјални мрежи

Read more

Објавени првите подетални вести за состојбата на Михаел Шумахер

Read more

Хроника

Едно лице загина во тешка сообраќајка на автопатот Неготино – Демир Капија

Read more

Измачувал животни и се фалел на социјални мрежи

Read more

Во Струмица пријавен случај на обљуба врз малолетно машко дете

Read more

ОЈО Скопје оцени дека нема основа да постапува за „Теретана“

Read more

Вести

Преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Гордана Јанкулоска: На крај памет не ми паѓа некаде да бегам

Читај повеќе

Во сеќавање на Игор Исаковски, на неговиот роденден

Читај повеќе

Шест починати и 140 нови случаи на коронавирус од 1.397 тестирања

Читај повеќе

Едно лице загина во тешка сообраќајка на автопатот Неготино – Демир Капија

Читај повеќе
  • play_arrow

Вака ќе изгледаат во пракса протоколите за присуство во училиште

Читај повеќе

Измачувал животни и се фалел на социјални мрежи

Читај повеќе

Навални од болница: Уште ми се тресат нозете

Читај повеќе

Рекордни 1.002 случаи на коронавирус регистрирани во Полска

Читај повеќе