Тевдовски: Државата должи 22 милијарди денари за неплатени обврски

Фондови, јавни претпријатија и општини вкупно должат 22 милијарди денари или 363 милиони евра, заклучно со 31 мај, соопшти министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Тој рече дека оваа сума не влегува во вкупниот јавен долг на државата, односно дека станува збор за преземени и неплатени обврски.

Само во областа на културата, државата должи 2,4 милијарди денари, и тоа за изградбата на новиот објект на Македонска филхармонија, за проектот за изградба на Драмскиот театар, како и за други големи проекти.

Во секторот образование државата има неплатени обврски за комуналии за студентски домови, за набавка на хигиенски средства, за постелнина и друго.

Тевдовски рече дека „Македонија пат“ има неплатени обврски кон УЈП. Од јавните претпријатија најмногу должи „Македонски железници Транспорт“ – 2,4 милиони денари, а од Јавните здравствени установи најмногу должи Институтот за трансфузиона медицина – 283 милиони денари.

„Се бараат пари за да се дополнат овие дупки“, вели Тевдовски.

Од општините, според податоците, најмногу должи Општина Охрид.

Тој рече дека податоците ги добиле од информации од сите општини, јавни претпријатија…

Сите долгови на државата се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии на следниот линк:  www.finance.gov.mk.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе