Тевдовски: Oколу 400 милиони евра од Светска банка за пакет проекти во Македонија

Скопје, 13 октомври 2018 (МИА) - Светска банка ќе ѝ стави на располагање околу 400 милиони евра на Македонија за проекти во следните четири години. Ова беше истакнато на годишните средби на ММФ и Светска банка на кои учествува македонска делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска Бежоска.

За пакет проектите и новата стратегија за соработка со Светска банка, како што соопшти Министерството за финансии, е зборувано на состанокот на македонската делегација со потпретседателот на Светска банка, Сирил Мулер и директорот за Западен Балкан, Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер.

Со овие средства ќе се поддржи подобрувањето на конкурентноста на приватниот сектор, развојот на вештини и создавањето на повеќе можности за најранливите категории, како и подобрена институционална и фискална одржливост.

„Со новата стратегија 2019-2023 ќе се вложат значајни средства во подобрување на конкурентноста на македонската економија и постигнување на инклузивен и одржлив раст. Тоа може да се постигне преку подобрување на конкурентноста на приватниот сектор, заштита на најранливите категории и отворање нови можности за нив, како и зајакнување на институциите и одржливоста на јавните финансии. Станува збор за околу 35 проекти од областа на поддршка на бизнисот, транспорт и врски, здравство, социјална заштита, труд и социјала, информатичко општество и администрација, образование и наука, животна средина, финансии и земјоделство“, рече министерот за финансии Драган Тевдовски.

Во рамки на овие 35 проекти планирани се и инфраструктурни проекти за рехабилитација на национални, регионални и локални патишта во периодот од 2019 до 2021 година.

Планирани се и проекти за поддршка на приватниот сектор преку микрофинансирање, советодавни услуги, поддршка за технолошка модернизација и поддршка за иновации. Ќе се поддржат и инвестиции во обновливи извори на енергија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Read more

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Read more

Врнежливо време со температури до 17°C

Read more

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more
 

Вести

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе