Тевдовски: Стапката на ДДВ за станови останува пет отсто

Скопје, 5 јуни 2018 (МИА) - Граѓаните ќе можат повторно да поднесуваат барања за приватизација на градежно земијште, а стапката на ДДВ за станови останува повластена пет отсто во следните пет години, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски. Како што рече министерот, направени се законски измени кои ќе излезат во пресрет на барањата на граѓаните.

„Министерството за финансии подготви законски измени со кои на граѓаните повторно им се дава можност да поднесуваат барања за приватизација на државно градежно земјиште. Рокот за поднесување барање беше истечен во декември 2014 година и во меѓувреме граѓаните не можеа да поднесуваат барања. Сега барања ќе може да се поднесуваат повторно, заклучно декември 2021. Исто така, за да се излезе во пресрет на граѓаните, Министерството направи измени и во Законот за ДДВ со кој се продолжува повластената стапка на ДДВ од пет отсто заклучно до 2023 година“, рече Тевдовски.

Министерот посочи дека во изминатиот период имало барање од повеќе граѓани кои не успеале да поднесат барање за приватизација на земјиштето да се продолжи рокот. Исто така, во интерес на граѓаните е продолжено важењето на повластената стапка на ДДВ за прв промет на стан.

Како што истакна министерот за финансии, со законските измени за приватизација на градежното земјиште се предвидува и пролонгирање на одредбата за утврдување на кирија за оние кои не го приватизирале. Исто така, се пролонгира рокот за поднесување на барање за трансформација на корисничнкото право во право на сопственост заклучно декември 2022 година.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more
 

Вести

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе