Тежок судар на шампионатот Инди кар
Поранешниот возач на Формула 1 Себастиен Бурде преживеа тежок судар на шампионатот Инди кар кога неговиот болид удри во заштитниот ѕид и се запали.
Изгуби контрола над болидот на брзина од над 300 км/ч и во директниот судар се здоби со фрактура на карлицата и ребрата, но е вон животна опасност.
Французинот веднаш бил префрлен во болница во Индијанаполис каде му е направена операција.