Кошаркарите на скопски ТФТ денеска претрпеа пораз од хрватскиот тим Горица со 83:64 и на две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната ги загубија шансите за пласман во плеј-офот на АБА2 лигата.

По 11 одиграни кола, ТФТ има ефект од 3 победи и 8 порази, а на овој последен балон од регуларната фаза, кој се игра во Широки Брег, го чекаат уште два натпревара, в среда против Борац од Бања Лука, а својата деби сезона во регионалното натпреварување „Црно-белите“ ќе ја затворат на 11 март против лидерот на табелата, словенечки Хелиос од Домжале.
Вториот македонски претставник во ова натпреварување, битолски Пелистер, својот натпревар од 11. коло ќе го одигра утревечер против Крка од Ново Место.