Тијаго Мота се надева на револуција во фудбалот со „суперофанзивна“ 2-7-2 формација

Низ долгата и успешна кариера Тијаго Мота ја имаше честа да работи со големи тренерски имиња како Антонио Конте, Томас Тухел и Жозе Мурињо, па може да се очекува дека научил нешто од нив.

Ветеранот Мота (36) сака да продолжи да работи во фудбалот како тренер, но има намера да направи целосна револуција во фудбалската игра.

Тијаго Мота сака тимот кој тој го тренира да игра со „суперофанзивна“ формација. Во моментов Мота е тренер на јуниорскиот тим на ПСЖ, а во брилијантното интервју со италијанскиот весник Gazzetta dello Sport тој изјави дека би сакал да ја промени играта со тоа што ќе користи „низок тим кој ќе ја контролира играта со висок пресинг и многу движење со топката, но и без неа“. Неговиот план за револуционерна тактика вклучува и голман кој ќе игра како играч од средниот ред.

„Мојата идеја е да се игра офанзивен фудбал. Ниските тимови ја контролираат играта со висок пресинг и многу движење со топката и без неа. Сакам играчот кој ја има топката секогаш да има три или четири опции за додавање и двајца соиграчи во близина кои ќе му помогнат. Тежината на фудбалот е често во правењето на едноставните работи, но оној кој знае да ги прави основните работи ќе биде секогаш поуспешен. Не сакам бројки на теренот бидејќи тие само ве залажуваат. Тимот може да игра офанзивно со формација 5-3-2 и може да игра дефанзивно со формација 4-3-3, сѐ зависи од квалитетот на играчите. Имам играно во натпревари каде двајцата стопери на крајот од натпреварот завршија во нападот како ‘деветка’ и ‘десетка’. Но тоа не значи дека не сакам играчи како Валтер Самуел или Џорџо Кјелини, кои се родени за да бидат дефанзивци“, изјави Мота.

Во разговорот со новинарот Андреа ди Каро, поранешниот играч на Интер беше запрашан дали мисли на формација 2-7-2, која сугерира дека голманот ќе биде 12-от играч на теренот.

„Не, туку голманот ќе биде еден од седумте играчи од средината. За мене, напаѓачот е последниот играч од одбраната а голманот е првиот напаѓач. Голманот ја започнува играта, а напаѓачите први треба да прават пресинг кога треба да се одземе топката“, рече Мота.

Поранешниот италијански репрезентативец вели дека неговата прва цел во тренерската кариера е да стане тренер на првиот тим на ПСЖ, тимот во кој ја заврши кариерата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе