TikTok ќе отстрани некои клипови од фидот на тинејџерите

Во февруари годинава TikTok објави дека работи на нови начини за ограничување на одредени видови содржини врз основа на возраста на корисникот и со тоа подобрување на безбедноста на тинејџерите, а сега се познати повеќе информации за системот за оценување.

Станува збор за систем наречен Content Levels, кој ќе биде имплементиран во следните неколку недели. Компанијата го спореди својот пристап со системите за оценување што се користат во филмската и гејминг индустријата и има за цел да филтрира клипови со теми наменети за „зрели корисници“, односно да ги отстрани од фидот на тинејџерите. Системот ќе се користи за клипови кои инаку не би ги прекршиле правилата на TikTok, но може да бидат несоодветни за помладите корисници на апликацијата.

Благодарение на оваа промена, кога тинејџерите на возраст меѓу 13 и 17 години ќе наидат на видео кое содржи „зрели или комплексни“ теми, наместо тоа ќе видат предупредување дека видеото е ограничено според возраста.

„Кога ќе откриеме дека видеото содржи зрели и комплексни теми, како што се сцени кои може да бидат премногу страшни или интензивни за помладата публика, на тоа видео ќе му се додели одредена оцена за да ги спречи луѓето под 18 години да го гледаат“, се вели во објаснување од TikTok.

Компанијата не откри детали за тоа како ќе го одредува рејтингот и кои критериуми ќе ги користи за да ги квалификува своите клипови. TikTok истакна дека функцијата е сè уште во рана фаза и планира да додаде нови функции во иднина. Директорите на компанијата претходно изјавија дека сакаат да им овозможат на корисниците да го изберат типот на содржина што им одговара.

Во меѓувреме, апликацијата додава нов начин за филтрирање на несаканите теми од својата For You страница. Ажурирањето се очекува во наредните недели и ќе им овозможи на корисниците да блокираат одредени клучни зборови или хаштагови поврзани со содржината што не сакаат да ја гледаат во иднина.

TikTok понуди ажурирање со задача да избегне потенцијално проблематични „шеми кои се повторуваат“ во препораките на For You. Веќе се тестираат начини да се спречат луѓето да бидат преоптоварени со многу содржини за потенцијално загрижувачки теми, како што се менталното здравје или нарушувањата во исхраната. Тестовите, наводно, биле успешни, така што корисниците во САД ќе имаат помала веројатност да видат повеќе клипови на овие теми одеднаш.

Исто така, TikTok сега работи на тоа да ја направи оваа функција достапна за корисниците во повеќе земји.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе