TikTok на тинејџерите ќе им ги блокира филтрите за разубавување

TikTok воведува старосни ограничувања за некои од своите филтри за разубавување, за да го реши прашањето за нивното влијание врз менталното здравје на тинејџерите на оваа платформа.

Некои од промените што доаѓаат во наредните недели вклучуваат спречување на корисниците на TikTok под 18 години да користат одредени ефекти што го менуваат изгледот. Исто така, описите на филтрите се прошируваат за да се специфицира што се менува кога се користат.

Во соопштението се вели дека ограничувањата за возраст нема да важат за филтри кои се „дизајнирани да бидат очигледни и смешни“, како што се додавање животински уши, комично зголемување на одредени карактеристики и слично. Промената е насочена кон филтрите за разубавување како Bold Glamour, кои ја прават кожата на корисниците да изгледа помазна, трепките им изгледаат подолги, нивните лица изгледаат послаби, а сето тоа е отешко да се открие.

Промените беа објавени на Европскиот безбедносен форум на TikTok што се одржа во Даблин, а потоа беа објавени на интернет. Сѐ уште не е познато дали промените ќе бидат продолжени на глобално ниво.

Како и да е, платформата мораше да реагира по извештајот на непрофитната организација Internet Matters, која се занимава со заштита на безбедноста на децата на интернет. Во извештајот се вели дека филтрите за разубавување придонесуваат за искривен поглед на светот каде фотографиите подобрени со филтри стануваат нормални. Децата често не можат да ги препознаат уредените фотографии и чувствуваат „значаен општествен притисок“ да изгледаат на одреден начин на интернет.

Новите ресурси ќе бидат претставени во 13 европски земји во наредните недели и ќе ги поврзат корисниците кои пријавуваат содржина поврзана со самоубиство, самоповредување, омраза и злоупотреба со релевантните локални линии за помош. Според TikTok, платформата сега има повеќе од 175 милиони месечни активни корисници во Европа.

„Нема крај на безбедноста, и ние продолжуваме да учиме од нашата заедница, се здружуваме со експерти и се стремиме да бидеме уште подобри. Ако нашите корисници не се чувствуваат безбедно, тие нема да бидат целосно свои на TikTok, а платформата едноставно нема да биде иста“, порача Кристин Гран, шефица за европска јавна политика на TikTok.

TikTok исто така истражува нови технологии за машинско учење, кои можат да детектираат профили на корисници на возраст под 13 години, што е минималната возраст за легална употреба на платформата. Од компанијата велат дека корисниците чии профили се избришани имаат можност да поднесат жалба доколку веруваат дека е направена грешка. TikTok секоја година отстранува околу 6 милиони профили од целиот свет бидејќи не го исполнуваат правилото за минимална возраст.

Тагови
реклама

Бразилки давале сексуални услуги во изнајмени станови во скопски Џевахир

Read more

Која е Кинезинката поради која се тресе европската автомобилска индустрија?

Read more

Основна намирница може да помогне во намалување на 'рчењето

Read more

Храна поврзана со забрзано стареење: Намалете го консумирањето

Read more

Интернет

TikTok на тинејџерите ќе им ги блокира филтрите за разубавување

Read more

Сè повеќе корисници бегаат од социјалната мрежа на Илон Маск

Read more

Instagram го намалува квалитетот на одредени видеа

Read more

Како да се заштитите од најчестите ризици на бесплатните Wi-Fi мрежи?

Read more
 

Гик

Етимологија на имињата на државите во САД: Половина се од домородното население

Читај повеќе

WhatsApp ја прекинува поддршката за неколку iPhone модели

Читај повеќе

Како луѓето ја поместија Земјината оска на ротација?

Читај повеќе

Зошто напредните роботи сè уште имаат проблеми со едноставни задачи?

Читај повеќе

Nothing подготвува три паметни телефони за 2025 година

Читај повеќе

WhatsApp овозможи споделување канали користејќи QR код

Читај повеќе

Samsung патентираше таблет со екран што може да се витка

Читај повеќе

Instagram доби нови подобрувања во приватните разговори

Читај повеќе

Apple ќе претстави smart home hub во 2025 година

Читај повеќе