Иако иднината на TikTok е неизвесна, апликацијата продолжува да добива нови функции.
Најновата во низата се нарекува Security Checkup и е централизирана контролна табла дизајнирана да им помогне на корисниците да ги заштитат своите сметки.
Алатката може да се најде со следење на чекорите Settings and privacy- Security & permissions во апликацијата TikTok. Идејата е Security Checkup да им олесни на корисниците да ги завршат задачите како што се поврзување телефонски број и адреса на е-пошта, да се осигури дека имаат резервен метод за најавување, вклучување автентикација со два фактори, поставување лозинка и овозможување биометриски опции за најавување, како што е препознавање лице.
Дополнително, корисниците ќе можат да проверат кои уреди се најавени на нивната сметка, давајќи им можност да го отповикаат пристапот до уредите што не ги препознаваат или повеќе не ги користат. TikTok ќе ја означи секоја невообичаена активност што ќе ја открие на сметката на корисникот.
Некои големи платформи веќе воведоа слични карактеристики. Instagram ја доби функцијата Security Checkup во 2021 година, но кога станува збор за заштитата на корисниците, подобро доцна отколку никогаш.