Доколку сакате гламурозна фризура како само да сте излегле од фенирање на фризер, тоа можете да го постигнете со помош на TikTok трик што ги освои жените ширум светот.
Со помош на детални инструкции ќе можете да си направите гламурозна фризура во домашни услови.
Оваа техника бара минимална употреба на производи и топлина.
Најпрво измијте ја косата и исушете ја, а потоа поделете ја на два слоја, горен и долен и одвојте ги со штипка за коса. Навиткајте го горниот дел од косата кон лицето со помош на пегла за коса или фигаро. Потребно е добро да се зацврсти косата со лак.
@yeshipolitoo Do you struggle getting your curls to last?! The @Color Wow Hair Xtra Large Bombshell Volumizer gives volume + hold without weighing your hair down, it’s not drying to the hair at all and actually strengthens the hair with bamboo extract! It’s a game changer!! #volumehack #colorwow #overnightblowout ♬ original sound - Yesenia Hipolito
Потоа ставете сунѓерасти витлери иста насока во која претходно ја навиткавте косата, а на витлерот ставете тенок чорап или хулахопка. Клучот е косата уште да биде топла кога ќе го ставите чорапот.
Истата постапка повторете ја со долниот слој на косата и на крајот сè добро фиксирајте со лак. Оставете ја косата така преку ноќ, а потоа пуштете ја наутро и ќе имате фризура како од фризерски салон.