TikTok воведе нови ограничувања за времето на користење на апликацијата

Популарната платформа TikTok воведе нови правила за контрола на времето на користење на апликацијата, како и водич за „благосостојбата“ на тинејџерите кои ја користат.

Целта на новата алатка е да им помогне на корисниците да го контролираат времето што го поминуваат користејќи ја апликацијата. Со оваа измена, компанијата воведува нов контролен панел во апликацијата кој подетално ќе следи колку долго и често се користи апликацијата.

Ќе содржи статистика за времето на користење, кога апликацијата најчесто се користела, како и колку често се покренува/отвора.

Корисниците на TikTok ќе можат да постават временско ограничување за користење на апликацијата откако ќе ја отворат.

Претходно, апликацијата нудеше контрола на времето на користење на апликацијата кое истекуваше по одреден временски рок, но новите поставки им овозможуваат на корисниците да добијат предупредување, односно да ги потсетуваат доколку ја држат отворена подолго време.

Промените доаѓаат откако TikTok и слични апликации се соочија со проблеми кои ги засегаат тинејџерите. Претходно годинава, Сенатот на САД објави нацрт-закон со кој ќе се зголеми проучувањето на зависноста од социјалните мрежи во обид да се постават повеќе „заштитни огради“ за заштита на помладите корисници.

TikTok сега воведува дополнителни ограничувања за времето на користење на апликацијата за тинејџери на возраст од 13 до 17 години. Отсега па натаму, тинејџерите ќе добиваат „дигитални прашања за благосостојба“ и ќе добиваат дополнителни потсетници за времето кога ја користат апликацијата откако ќе поминат повеќе од 100 минути дневно користејќи ја.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Софтвер

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more

Microsoft ја укинува поддршката за Android апликациите на Windows

Read more

Apple казнет со 1,8 милијарди евра за кршење на правилата за стриминг

Read more

Корисниците на Windows 11 сега можат да ги користат мобилните како веб камери

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе