Тиквеш го обели образот на македонскиот фудбал во Европа

Филип Здравески
/ 12.07.2024 / 10:35

Само актуелниот куп победник оствари позитивен резултат во европските натпреварувања кои започнаа неделава, и тоа со маестрален пресврт.

Фото: ГФК Тиквеш Кавадарци

Во средата, Струга загуби со 4:2 од словачкиот шампион Слован во Братислава во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите. Македонскиот шампион пружи достоен отпор кон посилниот противник во чиј состав беа и играчи што играа на ЕУРО 2024, како Гурам Кашиа (капитен на Грузија) и Словаците Јурај Куцка и Давид Стрелец, но и поранешните словачки репрезентативци и сега ветерани Владимир Вајс и Роберт Мак.

Струга губеше 2:0 на полувреме токму со головите на Вајс и Мак, но во вториот дел Бесарт Ибраими со два гола израмни на 2:2. Сепак, Слован во последните пет минути дојде до победа од два разлика откако Куцка прво се погрижи за 3:2 по лошата проценка на голманот Филип Дујмовиќ, а во надполнувањето ги постави конечните 4:2.

Remote video URL

Шкендија гостуваше во Ерменија кај тимот на Ноа. Тетовчани одолеваа речиси до самиот крај кога во 81. минута Португалецот Гонсалу Грегориу го скрши мразот. Во последната минута на 2:0 зголеми Србинот Александар Миљковиќ.

Remote video URL

И Струга и Шкендија ќе имаат ѓаволски тешка задача да надоместат негатива од два гола во реваншите на домашен терен. Не е невозможно, но ќе биде многу тешко.

Затоа, пак, Тиквеш синоќа приреди спектакл среде Скопје, на истиот стадион на кој ја освои својата прва куп титула, поради што и за прв пат во својата долга историја се избори за настап во Европа. Тиквеш го пречека реномираниот Исландски тим Бреидаблик, кој е во натпреварувачки ритам оти сезоната во Исланд е во тек.

Откако кавадарчани не искористија две добри шанси на почетокот преку Ѓорѓиев и Стојкоски, Исланѓаните немилосрдно казнуваа. Во 13. минута Исак Торвалдсон одлично го пронајде Виктор Еинарсон во домашниот шестнаесетникот, одбраната заборави на него и Исланѓанецот без мака го совлада младиот голман Стефан Тасев. Потоа одлична шанса за Тиквеш промаши и Спахиу, па казната повторно стигна. Во 31. минута Кристофер Кристинскон од речиси затворен агол ја искористи лошата поставеност на младиот домашен голман и зголеми на 2:0.

Тренерот Ѓорѓи Мојсов направи три измени на полувремето, а на трибините конечно на паузата се појави и навивачката група Лозари. Се чини дека освежувањата во составот и навивањето на Лозари го понесе Тиквеш, иако на головите се чекаше до последните 15-ина минути. Се играше 74. минута кога Едиз Спахиу одлично го проигра Кристијан Стојкоски, а овој мајсторски ја копна топката преку голманот Антон Еинарсон.

Пет минути подоцна Александер Сигурдарсон го собори нововлезениот Бразилец Витау и Тиквеш доби слободен удар на околу 25 метри. Мартин Стојанов перфектно го изведе израмнувајќи на 2:2.

Remote video URL

Кавадарчани го искористија моментумот за да направат неверојатен комплетен пресврт. Само три минути подоцна вториот нововлезен Бразилец, Леу Гера, доби топка лево и одлично по земја погоди на подалечната статива за водство од 3:2. Исланѓаните немаа сили да се вратат и Тиквеш запиша историска прва европска победа.

Remote video URL

Тиквеш на реваншот наредниот четврток во градот Копавогур има право да се надева на позитивен резултат и минување во 2. квалификациско коло, каде би играл со косовскиот клуб Дрита.

реклама

Словенечка верзија на слоевита штрудла со ореви

Read more

Ескорт дама открива што велат ултрабогатите зад затворени врати во Давос

Read more

Лазаров: Мора да е скриена камера кога никој не нè критикува

Read more

Малуда направи тотален пресврт, стана војник

Read more

Фудбал

Малуда направи тотален пресврт, стана војник

Read more

Новиот Салах пристигна во Англија: Мармуш потпиша за Манчестер Сити

Read more

Баерн доживеа дебакл иако имаше 30 шутеви и речиси 700 додавања

Read more

Гринвуд ја одјави Англија во ФИФА, ќе игра за Јамајка

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Сензација во Мелбурн: Медисон Киз го освои Австралија опен

Читај повеќе

Лазаров: Мора да е скриена камера кога никој не нè критикува

Читај повеќе

Малуда направи тотален пресврт, стана војник

Читај повеќе
  • play_arrow

Филаделфија го совлада Кливленд и ја прекина долгата серија порази

Читај повеќе

Македонија силна против Катар

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ја воодушеви публиката жонглирајќи со фудбал

Читај повеќе

Новиот Салах пристигна во Англија: Мармуш потпиша за Манчестер Сити

Читај повеќе
  • play_arrow

Баерн доживеа дебакл иако имаше 30 шутеви и речиси 700 додавања

Читај повеќе
  • play_arrow

Хамилтон прв пат возеше болид на Ферари, претставена и неговата нова кацига

Читај повеќе