Рецепт на Лидија Ристовска
Состојки: 4 млади тиквички
300 гр. закуска Гурмано
300 гр. кашкавал
сол
Подготовка:
Рерната се загрева на 180°C. Во меѓувреме, се мијат тиквичките, се лупат и се сецкаат на парчиња долги по 4-5 цм. Секое парче се испразнува во средината и се полни со закуска Гурмано. Така наполнети, тиквичките се ставаат да се печат. По 15-20 минути, се наросуваат со рендан кашкавал и се печат уште 5-10 минути, сè додека кашкавалот убаво не се растопи.
Кога е пред нив закуската на Гурмано, зборовите со клешти да им ги влечеш на луѓето! Зборувањето ќе ги оддалечи од доживувањето што ги воодушевува, а тоа никој не го посакува. Единствено што ќе чуете се секвенци „подај наваму”, „подај натаму”. Мир во домот. За впечатоците, има време. А, кога ќе се смират, почнуваат нафрлањата: „цепкани црвени пиперки“, „како јамболија“, „како шпагети, како некои италијански тестенини од пиперки“. „Што и да пробаш, си го има(ат) некако... тој, старински вкус... и старински и домашен“.
*Промотивен текст.