Тим лекари на Кардиологија спасија повреден во сообраќајка со стентирање кое за првпат се изведува кај нас

На Универзитетската клиника за кардиологија првпат самостојно тим лекари направија стентирање на трауматска трансекција на торакална аорта кај 42-годишен пациент.

На пациентот му било дијагностицирано раскинување на ѕидот на градната аорта, по сообраќајна незгода со повеќе скршеници на коски и повреда на белите дробови, соопшти Министерството за здравство.

Ова, како што се посочува, претставува животозагрозувачка повреда која носи ризик од масивно крварење, без можност за прекин, поради што смртноста е речиси 100 проценти.  Итно беше организиран тим од двајца интервентни кардиолози д-р Жан Зимбаков и д-р Оливер Бушљетиќ, васкуларен хирург д-р Мишел Андов и анестезиологот Стефанија Ханџиска.

„Стентирањето на аортата, успешно го изведуваме при аневризми (проширувања) на дел од градната и стомачна аорта. Тоа ни овозможи да ја примениме оваа техника и кај вакви итни состојби, кои се со висока смртност. Овие процедури, заедно со ТАВИ процедурите (не-хируршко поставување на аортна валвула), стентирањето на артериите на вратот и нозете, се дел од секојдневната работа на клиниката, со голема бројка на интервенци. Тоа е неопходно и основно, пред многу други работи, за да се постигне висок квалитет и успех кај овие процедури. Со високиот број на интервенции и целосната материјална опременост која ја имаме, нашиот центар е единствен и водечки во земјата, и на ниво на најголемите европски центри“, изјави директорот на Клиниката, Зимбаков.

Во ангио-сала на Клиниката, кај пациентот, во целосна анестезија, како што се нагласува, беше направена хируршка препарација на артерија на ногата, со што се отвора место во артеријата за да се внесе посебен вид на стент обложен со материјал.

Стентот со дијаметар 30 мм и должина 200 мм, беше поставен веднаш после артерија субклавија, односно артеријата која носи крв во левата рака и главата. Сложеноста на оваа процедура е позиционирањето на стентот. Тој треба да го покрие раскинувањето на ѕидот на аортата, кое беше на самиот отвор на артеријата за раката, но притоа стентот да не го прекине протокот на крвта за раката и главата. Процедурата помина уредно, со целосно покривање на оштетувањето на аортата и со зачуван проток кон раката и главата. Артеријата на ногата хируршки беше „сошиена”, а пациентот успешно разбуден после анестезијата, стои во соопштението.

реклама

Нагорно-Карабах: Не е важно кој прв почна, туку кој стои зад војната

Read more

Џинови во реалниот свет за кои тешко ќе верувате дека навистина постојат

Read more

Неверојатни факти за животот во Шведска

Read more

Моќни илустрации ги покажуваат разликите меѓу Истокот и Западот

Read more

Здравје

Кина почна со имунизација против COVID-19, иако вакцината уште се испитува

Read more

Што ако некој кивне или се искашла покрај вас, а вие немате маска?

Read more

Бесплатни превентивни прегледи по повод Светскиот ден на срцето

Read more

AstraZeneca нуди поевтина вакцина, европските влади ќе плаќаат отштета за можни последици

Read more

Магазин

  • play_arrow

Мит или вистина: Ова се најпознатите фудбалски клетви

Читај повеќе

Кина почна со имунизација против COVID-19, иако вакцината уште се испитува

Читај повеќе

Неверојатни факти за животот во Шведска

Читај повеќе

Што ако некој кивне или се искашла покрај вас, а вие немате маска?

Читај повеќе

Секс секој ден, дали е тоа нормално?

Читај повеќе
  • filter

Во Мексико пронајдени коски на 200 мамути стари 15.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Џинови во реалниот свет за кои тешко ќе верувате дека навистина постојат

Читај повеќе
  • play_arrow

Хоакин Феникс и Руни Мара станаа родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои се најбогатите славни личности во изминатата деценија?

Читај повеќе