Тим на отпишаните: Најлошите фудбалери во Премиер лига сезонава
Каква сезона во Премиер лигата! Видовме исклучително добри настапи на играчи како Кевин де Брујн од Манчестер Сити, Маркус Рашфорд за Манчестер Јунајтед и Мохамед Салах за Ливерпул, ама имаше и тешки промашувања.
Од маките на Кепа Аризабалага на голот на Челси, преку опаѓањето на формата на Ерик Диерв во Тотенхем под раководство на Жозе Мурињо, до разочарувачкиот премин на Алекс Ивоби во Евертон, ова е „Тимот на отпишаните“ според Football Daily - најлошите фудбалери во Премиер лигата сезонава.