Тим на сезоната: Најдобрите 11 фудбалери во изминатата сезона

Со завршувањето на уште една фудбалска сезона, логично е да следува период во кој ќе се глорифицираат клупските, но и индивидуалните сезони и ќе се ставаат на вага за да се одреди чија сезона била подобра, кој бил повеќе важен за тимот и слично. Затоа, Кајгана го одбра најдобриот тим на сезоната составен од 11-те најдобри играчи на своите позиции во светот.

Најпрво, да ги разјасниме критериумите. Тука се работи за играчи кои во текот на целата сезона играа одлично за своите клубови и репрезентации. Подеднакво го вреднуваме тимскиот и индивидуалниот перформанс, така што не треба да бидете изненадени доколку видите неколку играчи од истата екипа. Сега, да започнеме.

 

Давид Де Геа

На голот на идеалниот тим на сезоната можеше да се најде само еден – Давид Де Геа. По скромното мислење на вашиот автор, Де Геа ја имаше најдобрата голманска сезона во последните 10 години. Иако Манчестер Јунајтед немаше некој особен успех годинава, Де Геа беше далеку најдобриот голман во светот.

Самуел Умтити

Стоперот на Барселона ја одигра најдобрата сезона во неговата кариера и беше исклучителен, посебно во лигашките натпревари. Тој му помогна на неговиот тим да освои уште две титули, домашната лига и Купот на Шпанија, а се наметна и како прв избор на Дешамп за стоперската позиција на претстојниот Мундијал.

Диего Годин

Не би требало да ве изненади дека на другата стоперска позиција се најде Уругваецот Годин, бидејќи Атлетико Мадрид беа најдобриот дефанзивен тим во Европа. Притоа, тој беше и носител на одбраната која во лигата прими само 22 гола и притоа успеа да стигне до титулата во Лига Европа. Годин остави зад себе уште една фантастична сезона.

Џошуа Кимих

Младиот Германец од редовите на Баерн Минхен оваа сезона беше еден од најдобрите играчи во Европа општо. Со неговиот балансиран придонес во одбраната и во нападот, полека станува достоен наследник на Филип Лам на десната бековска позиција во Баерн Минхен и репрезентацијата на Германија.

Марсело

Левиот бек од редовите на Реал Мадрид константно игра добро во тимот и репрезентацијата, но изгледа дека овие две години го гледаме неговиот апсолутен врв. Во текот на целата сезона, Марсело беше вториот најдобар играч на Реал Мадрид, со кого и ја освои Лигата на шампионите трета година по ред.

Артуро Видал

Чилеанското динамо од средината на теренот остава зад себе уште една спектакуларна сезона. Често во сенка на попопуларните играчи, Видал е секогаш на нивото на задачата. Во делови од сезоната тој изгледаше како најдобриот играч во целата лига, а беше и убедливо најдобриот играч на чилеанската репрезентација, која несреќно не се пласираше на СП 2018.

Тони Крос

Веројатно знаете зошто Тони Крос е во овој тим. Нема потреба од долги образложувања.

Кевин Де Бруин

Белгискиот магионичар од средината на теренот зад себе ја остави една од најдобрите индивидуални сезони кои ја имал било кој играч од Премиер лигата. Со 8 гола и неверојатни 16 асистенции, Де Бруин беше предводник на тимот кој доминантно „се прошета“ до титулата во Премиер лигата.

Мохамед Салах

Египќанецот беше клучен за успехот на неговиот тим Ливерпул, но и за египетската репрезентација. Иако не освои ништо значително сезонава на клупски план, тој стана најдобриот стрелец во Премиер лигата и го однесе Ливерпул во финалето на ЛШ. Таму, зажал се повреди, но останува да му се радува на Мундијалот во Русија како ново поле каде може да се докаже. Одлична сезона за Мохамед Салах.

Лионел Меси

Уште еден играч на Барселона на оваа листа, овојпат најзаслужниот за успесите на Барселона. Во делови од сезоната изгледаше дека Барселона е несопирлива. Еден лош натпревар ги уништи плановите на Барселона за Ел Класико во финалето на ЛШ, но тоа не одзема ништо до постигнувањата на Меси. Со 34 гола и 12 асистенции во лигата, тој беше најдобриот играч во Ла Лига за минатата сезона.

Кристијано Роналдо

Овој тим мораше да го содржи Кристијано Роналдо. Каква сезона остави тој зад себе...Најпрво беше суспендиран на почетокот на сезоната поради тоа што го бутна судијата во финалето од Суперкупот на Шпанија, но откако се врати покажа зошто неговото име е толку големо. Уште еден трофеј од ЛШ, трет по ред, а тоа го надополни и со наградата за најдобар стрелец во ова натпреварување.

Најдобриот тим во светот можеше да изгледа различно, во зависност од тоа како субјективно вие ги доживувате сезоните на овие играчи. На пример, добри кандидати за овој Тим на сезоната беа и Јан Облак, Џорџо Кјелини, Мауро Икарди и Давид Силва, но тимот на Кајгана сепак смета дека горенаведените 11 се истакнаа посебно во текот на минатата сезона.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе