Time: Расплакано дете и Трамп - Добредојдовте во Америка

Њујорк, 21 јуни 2018 (МИА) - На насловната страница на новиот број на неделникот Time што ќе биде во продажба од 2 јули ќе се најде фото-илустрација на уплакано дете на имигрантка од Хондурас, присилно одвоено од мајката, кое стои пред претседателот на САД, Доналд Трамп.

На црвена позадина во аголот пишува „Добродојдовте во Америка“.

Тајм наведува дека фотографијата (За Getty Images) била на Џон Мур, добитник на Пулицерова награда, кој со години фотографира имигранти на граничните премини меѓу САД и Мексико.

Се наведува дека една од фотографиите на Мур, е направена оваа недела, и е највидливиот симбол на имигрантската дебата во САД.

„Овојпат ми беше навистина тешко. Штом сѐ беше завршено, тие (имигрантите) беа уфрлени во комбето. Морав да застанам и длабоко да земам здив неколку пати“, вели Мур.

Тој, исто така ја опиша својата реакција на местото на настанот каде што присуствувал, каде двегодишно девојче од Хондурас плаче додека нејзината мајка ја приведува полиција во пограничниот град Мекален во Тексас.

„Сѐ што сакав во тој момент беше да ја земам во моите раце. Но, не можев“, рече Мур.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна одлука имигрантските семејства кои нелегално ја преминале јужната граница на САД да им се овозможи да останат со своите деца, додека чекаат исход од постапката за имиграција.

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Maтис рече дека Пентагон „ќе одговори, ако од нив се побара" за да помогне во сместување имигранти приведени додека илегално преминувале на американско-мексиканската граница. 

Матис додаде дека Пентагон ќе поддржи се од Министерството за внатрешна безбедност што ќе се побара, нагласувајќи дека федералната агенција веќе има утврдено четирите воени бази за потенцијално привремено сместување приведени имигранти, вклучувајќи ги и децата без придружба.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе