Тимот на Ангела Меркел има лоши вести за Германија

Тимот на економски советници на германската канцеларка Ангела Меркел речиси ја преполови прогнозата за раст во Германија за оваа година на 0,8 отсто.

Ова е најновото во низата намалувања на проекциите за економски раст на најголемото стопанство во Европа.

Во денешниот ажуриран извештај, панелот економисти ја намали прогнозата за раст за 2019 година од претходните 1,5 отсто, но наведе дека следната година би требало растот да се подобри на 1,7 отсто.

Ова намалување следи откако Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд ги намалија изгледите за раст на германскиот БДП за 2019 година.

Независни експерти излегоа со соопштение дека на ниската прогноза значително влијаеле дополнителните последици од слабите економски резултати на крајот на минатата година, кога стопанскиот раст во голема мера беше забавен од еднократни фактори поврзани со новите стандарди во автомобилската индустрија за дозволеното ниво на испуштени штетни гасови.

Германските автопроизводители тогаш се соочија со проблеми во врска со сертифицирање на возилата согласно новите, реални тестирања на испуштањето штетни гасови што стапија на сила на 1 септември.

Експертите исто така укажуваат на високите ризици ги носат неизвесноста од Брегзит и глобалните трговски спорови.

Крисоф Шмит, претседател на панелот економисти, рече дека „кулминацијата на германското закрепнување е завршена, но не се очекува рецесија со оглед на тоа дека има солидна домашна побарувачка.“

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе