Тина Тарнер: Се обидов да се самоубијам поради насилството во бракот со Ајк

Популарната пејачка Тина Тарнер откри дека се обидела да си го одземе животот поради тоа што во еден момент се почувствувала беспомошно во бракот со Ајк Тарнер, кој постојано ја малтретирал.

Таа вели дека со голема тага се сеќава на тој период од нејзиниот живот, кога постојаното физичко и психичко насилство ѝ го уништувале животот до тој степен што чувствувала дека смртта е подобра опција од таквиот живот.

Новата книга напишана од Тина Тарнер, која го опишува нејзиниот живот во форма на мемоар за бракот со Ајк Тарнер. Книгата е наречена „My Love Story“ („Мојата љубовна приказна“), а во неа таа пишува дека сексот со Ајк бил „силување, на некој начин“.

„Сѐ ми дојде преку глава една вечер во 1968 година. Не можев да го поднесам таквиот живот повеќе и голтнав 50 апчиња за заспивање“, пишува Тарнер.

Таа ги испила апчињата непосредно пред настап, а почнала да ги чувствува ефектите кога се шминкала пред да излезе на сцената. Набрзо потоа била однесена во болница, каде докторите ѝ го прочистиле стомакот и ја пуштиле на домашно лекување, па набрзо потоа таа им се вратила на настапите.

„Тој (Ајк) го користеше мојот нос како боксерска вреќа толку многу пати што често можев да почувствувам крв како тече низ моето грло додека пеев. Првиот пат кога ме удри бев бремена. Ми ја скрши вилицата и ме малтретираше, а скоро и да не се сеќавам на ден без да имам модринка на окото“, пишува Тина Тарнер во нејзината автобиографија.

Ајк и Тина Тарнер се запознаа кога таа имаше 17, а тој 25 години. Неговото насилство е документирано низ медиумите кои во тоа време ја сметаа оваа двојка за една од најпопуларните во светот, но никој не презема чекор повеќе за да ја оттргне Тина од лошото влијание на насилниот Ајк.

„Мојот обид за самоубиство не беше класичен повик за помош. Јас одбрав да умрам, бидејќи не сакав да живеам таков живот“, пишува таа.

Автобиографијата „My Love Story“ ќе биде објавена на 18 декември, а како издавач се потпишува британскиот Daily Mail.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе