Тинејџер од Зрновци загина откако со мотор излетал од пат

Загина 17-годишен мотоциклист од село Зрновци во несреќа утрово на регионалниот пат Кочани-Зрновци.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, информира дека несреќата се случила утринава во 3:41 часот, кога и било пријавено дека на регионалниот пат Кочани-Зрновци, во близина на место викано „Дива топола“, се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „кимко“, со кочански регистарски ознаки, управуван од 17-годишниот В.А. од село Зрновци излетал од коловозот. По незгодата В.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им подлегнал на повредите.

За незгодата запознаен е Јавен обвинител и извршен е увид на местото од страна на увидна екипа.

Инаку, полицијата пред еден ден имаше акциска контрола во сите општини во источниот регион.

Панајотова вели дека од извршената контрола откриени се вкупно 40 прекршоци од кои, шестмина управувале без возачка дозвола, пет биле со измината важност на регистрацијата, два случаја се со измината важност на осигурителната полиса, 22 за неносење кацига и пет останати прекршоци. За сите прекршоци сторени од страна на возачите на мотоцикли изречени се соодветни санкции.

– Апелираме до сите возачи на мотоцикли да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да внимаваат на правилата за ограничување на брзината и да користат кациги и останата заштитна опрема, вели Панајотова.

Тагови
реклама

Костовски: Правдата за стечајот на „Еуростандард банка“ ќе ја барам надвор од земјата

Read more

Instagram убавица: Ерјона Сулејмани

Read more

Кога кај нас вака: Велосипедска патека долж брегот во Турција, #НаТочак апелира за вакви промени и во Македонија

Read more

Кралица на летото: Зошто треба да јадете пченка?

Read more

Хроника

Приведен осомничен за запалените возила на ЕВН во Тетово

Read more

Убиство во Инџиково, скопјанец убиен од две маскирани лица

Read more

Казна за 470 лица за неносење маска во изминатото деноноќие

Read more

Запалени две возила на ЕВН во Тетово

Read more

Вести

Костовски: Правдата за стечајот на „Еуростандард банка“ ќе ја барам надвор од земјата

Читај повеќе

Рекорден дневен број на тестови, активни случаи се помалку од 3.000

Читај повеќе

Родители во Хрватска со кампања против враќање на децата на училиште во пандемија

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос на албанско-грчката граница, заглавени илјадници албански граѓани

Читај повеќе

Лукашенко: Жив сум и не сум избегал од Белорусија

Читај повеќе

Нови 160 случаи со COVID-19, тројца починати, 368 оздравени пациенти

Читај повеќе

Без негативен ПЦР-тест за влез во Грција само возачи на товарни моторни возила

Читај повеќе

Шилегов: Во Вардариште не се депонира нов отпад

Читај повеќе

Од утре задолжителен ПЦР тест за влез во Србија

Читај повеќе