Авто новости

Тинејџер направи екстремна преработка на Lamborghini

17. април 2019 - 14:16 | А.С.

Во време кога кросоверите се во мода, а „The Fast and the Furious“ стана дел од автомобилската кулура, ваквите преработки не треба да бидат изненадување.

Фасцинантната преработка на Алекс Чои е уште позачудувачка кога ќе се земе предвид дека тој има само 19 години.

Погонот на сите четири тркала е задолжителен, а Urus покажа дека асфалтот не му е ограничување. Но, Чои отиде подалеку, во поекстремна насока и идејата му беше LM-a 002, попознат како Rambo Lambo.

Овој Huracan се вика Monkey Bars, а американските медиуми го нарекоа Huracage.

Основната идеја беше да се стави автомобилот во заштитен кафез за да се доближи максимално до автомобил за рели трка, а притоа да биде помоќен од кој било WRC учесник досега.

Коментирај