Фудбал

Тинејџер од Холандија потпиша за Барселона – откупната клаузула е 100 милиони евра

23. мај 2019 - 16:55 | А.С.

Лудовит Реис за една недела ќе го прослави 19-тиот роденден, но веќе го доби најголемиот подарок – потпишан договор со фудбалскиот великан Барселона.

Откако утрово ги помина лекарските прегледи, потпиша за новиот клуб и беше претставен на јавноста.

Играчот за врска на Гронинген и млад репрезентативец на Холандија премина во Барселона со отштета од 3,2 милиони евра.

Реис потпиша тригодишен договор со првакот на Шпанија, со опција за продолжување на уште две години.

Колку навистина го цени Барса кажува и откупната клаузула од 100 милиони долари.

Реис, кој има одиграно 50 натпревари за Гронинген, летните подготовки ќе ги одработи со првиот тим, а потоа ќе игра за резервната екипа.

Како што беше истакнато на претставувањето, Барселона веќе во блиска иднина сериозно смета на Реис во првиот тим.

Скаутите на Барселона го следеа цела сезона, а покрај него за тимот веќе потпиша Де Јонг од Ајакс.

Коментирај