Чек дис аут

Тинејџерка во САД предизвика сообраќајка поради „Bird Box“ предизвикот

12. јануари 2019 - 15:19 | Б.С.Б.

17-годишна девојка од Јута, САД предизвика верижен судир поради возење со превез преку очите. Инспирирана од „Bird Box“ предизвикот кој владее на интернет, тинејџерката со автомобилот се судрила со возило од спротивниот правец, по што удрила во трето возило.

Полицаецот Тревис Лејман за локалните медиуми изјави дека тинејџерката била во камионет со 16-годишно момче кога одлучила да го направи предизвикот така што ставила превез на очите додека возела.

„Набргу удрила во возило кое доаѓало од спротивен правец по што удрила и во трет автомобил. Срам ми е да го кажам ова, што морам да им порачам на младите да не прават вакви работи, но очигледно морам да го направам тоа“, изјави полицаецот.

Тинејџерката ќе се соочи со обвиненија за загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Предизвикот е инспириран од филмот „Bird Box“ во кој главната улога ја толкува Сандра Булок. Неговата популарност инспирира предизвик во кој луѓето со врзани очи се обидуваат да извршат опасни задачи.

Коментирај