Тито: Еден поинаков портрет на легендарниот маршал

Кога Јосип Броз Тито, доживотниот претседател на Југославија, почина на 4 мај 1980 година на Универзитетската клиника во Љубљана на 88-годишна возраст, целата земја запре. Луѓето беа погодени, запрепастени, тажни. Почина таткото на социјалистичката, мултинационална Југославија. И со него, заврши цела една ера.

Денешниот ден, 25 мај, во поранешна Југославија се одбележуваше како роденденот на Тито и Ден на младоста. Тоа беше еден од најголемите празници во Социјалистичка Федеративна Република Југоспавија, кој се прославуваше од 1945 до 1988 година.

Од временска дистанца од 40 години од смртта на Тито, германската историчарка Мари-Жанин Чалиќ напиша интересен портрет на легендарниот лидер - „Тито. Вечен партизан“, пренесува Deutsche Welle.

На околу 400 страници, таа ја опишува оваа многу сложена и многу флексибилна политичка фигура. Тито бил „типичен производ на времето во кое владееле крајности, кои тој лично ги доживеал и во чие обликување учествувал“.

Воен херој

Дури и во неговите „најлиберални“ фази, Тито не беше демократ во „западна“ смисла. По крајот на Втората светска војна, тој им дозволи на неговите партизани сурово да се одмаздат на десетици илјади недолжни луѓе.

Неспорна заслуга на Тито е што, по нападот на Хитлер врз Југославија во април 1941 година, тој изгради партизанска армија која на крајот ја воодеше до победа во војната со противник кој изгледаше скоро непобедлив.

Неколкупати партизаните беа скоро поразени, самиот Тито беше ранет, тој за малку ја избегна смртта на фронтот.

„Тито беше единствениот врховен командант на една антихитлерова коалиција кој беше на фронт во текот на целата војна“, наведува Чалиќ.

Неговата „непоколеблива убеденост во силата на своите дела“, како и неговите организациски вештини, влијаеа врз партизаните и ги мотивираа.

Дури и среде борбата за национално ослободување, Тито и неговите соработници ги формулираа принципите на новата Југославија: како федерација на еднакви народи.

Суетен, но далекувид

Тито беше шармантен, пишува Чалиќ, „со својата непосредност ги освојуваше луѓето со потполно различно социјално потекло и општествена положба“.

Како комунист, тој се разиде со советскиот диктатор Сталин, на кого не сакаше да му се покорува. Тој го основал Движењето на неврзаните, кое барало „трет пат“ во време на Студената војна, меѓу атомските суперсили САД и Советскиот Сојуз.

И западната Сојузна Република Германија (BRD) беше поблиску до него отколку источната, Германска демократска Република (DDR).

Германските канцелари Вили Брант и Хелмут Шмит ја стекнаа неговата доверба - тие го гледаа Тито како важен партнер во нивната нова политика за олеснување на односите со Истокот. Со цел подетално разјаснување на овие односи, авторката детално ги истражувала документите во политичките архиви на германското Министерство за надворешни работи.

Книгата, исто така, посветува многу простор на личната суета на Тито, на бомбастичните инсценации кои ги сакаше, наклонетоста кон луксуз и гламур, како и култот кон личноста што го изгради.

Времето го прегази

Кога Тито умре, тагата и погоденоста на луѓето беа вистински и искрени. Но, она за што најмногу се грижеше, Југославија, го надживеа само десет години.

Сепак, Чалиќ останува само на површина кога накратко заклучува: „Кога Словенија и Хрватска еднострано прогласија независност на 25 јуни 1991 година, Југославија потона во крвава граѓанска војна. Со тоа, пропадна животното дело на Тито.“

Авторката на едно друго место точно констатира дека „Тито бил просветлен, татковски добар, т.н. монархистички комунист.“

И како таков, тој беше застарен уште додека беше жив, тој веќе не беше во духот на времето. Демократизацијата која би го надминала системот на федерализирана еднопартиска репресивна толеранција за него беше едноставно незамислива.

Национал-комунистот Слободан Милошевиќ дојде на власт во Србија во втората половина на 80-тите и започна реализација на проектот „Голема Србија“ - припојување кон Србија на оние делови на Хрватска и Босна и Херцеговина каде живееше мнозинско српско население.

Како реакција на тоа, се зајакнаа националистите во другите републики. На првите слободни избори 1989/90 г. националистите ја преземаа власта насекаде. Наследството на Тито пропадна.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе