Титов колач: Рецепт за омилениот десерт на Јосип Броз Тито

Подгответе вкусен Титов колач, рецепт за омилениот десерт на некогашниот лидер на Југославија.

Потребни состојки:

За пандишпан:

4 жолчки

200 грама шеќер

5 лажици изладено кафе

100 грама мелени ореви

5 лажици брашно

3 лажици масло за јадење

1 кесичка прашок за печење

Шлаг подготвен од  4 белки

Фил од млеко:

400 мл млеко

5 лажици брашно

2 жолчки

Фил од маргарин:

230 грама маргарин

10 лажици шеќер

100 грама растопена чоколада за готвење

1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка:

Поделете ги жолчките од белките, во белките додадете 100 грама шеќер и изматете со миксер. Исто така и во жолчките додадете 100 грама шеќер и изматете со миксер.

Во смесата со жолчки, додадете 5 лажици ладно кафе, 100 грама мелени ореви, 5 лажици брашно, 3 лажици масло за јадење, 1 кесичка прашок за печење и смесата од изматените белки. Целата смеса добро изматена префрлете ја во  тавка за печење, печете 20 до 30 минути во загреана рерна на 200 степени.

Фил од млеко: во 400 мл млеко додадете 5 лажици брашно и 2 жолчки, варете на умерена температура со непрекинато мешање.

Фил од маргарин: во 230 грама маргарин (на собна температура) додадете 10 лажици шеќер, 10 грама растопена чоколада за готвење и кесичка ванилин шеќер, може да додадете и арома од рум. Филот од маргарин додадете го во изладенит фил од млеко, па потоа нанесете го врз изладениот пандишпан, укарасете со шлаг крема.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Читај повеќе

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Читај повеќе