Премиерката на Белгија, Софи Вилмес посети неколку болници за да им пружи поддршка на здраствените работници, но наиде на незадоволство.
Дел од медицинскиот персонал од болницата Сент-Пијер во Брисел ја пречека Вилмес со завртен грб, изразувајќи незадоволство од односот на Владата кон здравството, кое е со намален буџет. Здраствените работници се незадоволени од платите, а се соочуват и со недостиг на персонал.
Вилмес истакна дека е свесна за состојбата и незадоволството на здравствените работници, додавајќи оти е потребно да се врати вредноста на професијата.
– Посетите на болниците Делта и Сент-Пијер беа важни моменти за дијалог и за персоналот и за мене. Дискутиравме за здравствената ситуација, психичките напори, вреднувањето на работата и финансирањето на здраствената заштита, напиша Вилмес на Twitter.