„Тивок убиец“: Електричниот болид на Volkswagen излезе на писта
Volkswagen на големо се приклучува кон иднината на звтомобилската индустрија и ги прифаќа предизвиците на електричните возила, а сега има и свој кандидат за најбрз болид на светот.
I.D.R е кандидатот на Volkswagenov за легендарната трка Pikes Peak на која гигантот немаше учествувано со децении. Сега има уникатен болид со два мотори на електрична енергија. I.D.R. „тивок убиец“ – нечуен е, а угорнината од 20 километри ја вози во рекордно време.
Спектакуларниот електричен болид има максимална моќност од 690 коњски сили, а масата од 1.100 килограми го прави идеален за тркање.