Кошарка

Тјери Анри на босански јазик му искажа поддршка на повредениот Нуркиќ

26. март 2019 - 16:08 | К.З.

Легендарниот француски фудбалер (и не толку легендарен тренер) Тјери Анри уште еднаш ја покажа неговата спортска класа, откако испрати порака на босански јазик за поддршка на кошаркарот Јусуф Нуркиќ, кој синоќа доживеа тешка скршеница на ногата.

Поранешниот напаѓач на Арсенал, Барселона и француската репрезентација објави фотографија од Нуркиќ на неговиот Instagram профил и го поддржа босанскиот кошаркар пишувајќи на неговиот мајчин јазик.

„Биди храбар, не се предавај, ти посакувам брзо оздравување“, напиша Анри под фотографијата.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Budi hrabar, nedaj se, želim ti brz oporavak @bosnianbeast27

A post shared by @ thierryhenry on

Јусуф Нуркиќ го предводеше тимот на Портланд Трејл Блејзерс до победа против Бруклин Нетс и притоа забележа 32 поени и 16 скока, а потоа се повреди и мораше да биде изнесен на носилка. Неговата сезона завршува тука, на еден месец пред почетокот на плејофот.

Популарниот Јука, или „Босанскиот ѕвер“, доби огромна поддршка од навивачите, но и од неговите колеги од НБА лигата. Повредата доаѓа во најлош момент за Нуркиќ, кој сезонава ја играше најдобрата кошарка во кариерата.

Коментирај