Opel Insignia можеби не е првиот автомобил на кој помислуваме кога ќе се спомене спортски седан, но благодарение на тјунерската компанија Irmscher, овој модел стана автомобил со сериозни перформанси.
Irmscher сè уште ја развива тјунираната Insignia која моментално е позната под ознаката is3. На интернет се објавени само два рендери, но тоа беше доволно да им го привлечат вниманието на обожавателите на Insignia.
Се забележуваат многу нови детали, редизајнирана црна решетка на ладилникот со карбонски детали, карбонски детали на вратите, преден спојлер и заден дифузор. Тјунерот подготви и уникатни сребрено-црни фелни.
Засега нема детали за перформансите, но потврдено е дека ќе развива 300 КС.