Авто новости

Тјунираниот Audi RS6 Avant доби 767 коњски сили

27. јануари 2020 - 15:42 | М.С.

Американската компанија за тјунирање MTM USA значително ја зголеми моќноста на овој караван.

Audi RS 6 Avant го придвижува бит турбо 4,0-литарски V8 мотор кој развива 600 коњски сили и 800 Nm максимален вртежен момент благодарение на кој од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,6 секунди, но по овој третман од американскиот тјунер, овие бројки значително се зголемени.

Компанијата за тјунирање од Мајами е специјализирана за моделите на Audi, а овој примерок го претвори во вистинско чудовиште, па сега бит турбо моторот испорачува 787 коњски сили и 1.030 Nm максимален вртежен момент.

Благодарение на овие бројки, моќниот караван го достигна нивото кое е резервирано само за суперавтомобилите.

Колку ќе чинат овие подобрувања, сè уште не е познато.

Коментирај