Сопствениците на BMW M8 Gran Coupe кои сакаат уште помоќен автомобил, може да се обратат до познатиот тјунер G Power.
Моделот BMW M8 Gran Coupe сега развива 808 коњски сили и 1.000 Nm максимален вртежен момент.
Засега нема информации за останатите перформанси, но познато е дека стандардниот M8 Competition од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,2 секунди.
Меѓу останатите модификации се софтвер за оптимизација на звукот на издувниот систем(245 евра), хауба од карбонски влакна, 21-инчни RR или RS фелни и спортски управувач.