Филм & ТВ

Тоа е сѐ, народе - HBO нема да снима продолжение на „Game of Thrones“

22. мај 2019 - 16:27 | А.С.

Ако се надевавте дека по финалето на сагата „Game of Thrones“ од кое многу фанови не се задоволни, ќе следи продолжение на серијата, од HBO потврдија дека нема да работат на нешто такво.

Програмскиот директор на HBO Кејси Блојс во интервју за The Hollywood Reporter изјави дека апсолутно нема да има продолжение на приказната за играта на престоли.

Мегапопуларната ТВ-серија базирана на книгите на Џорџ Р.Р. Мартин што ги екранизираа режисерот Дејвид Бениоф и Ди Би Вајс, заврши во неделата, оставајќи многу обожаватели незадоволни.

Оние кои сакаат повеќе и се надеваат на какво било продолжување на приказната, време е да се помират со судбината – тоа е сѐ, народе!

Коментирај