Today It's All About Jazz по седми пат во Скопје

На 30 април, со почеток од 13 часот, во паркот „Ибни Пајко“ ќе се одржи седмото издание на големиот целодневен џез хепенинг под наслов Today It’s All About Jazz, организиран од страна на Здружението за џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје.

Меѓународниот ден на џезот е меѓународен ден прогласен во 2011 година  од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации со цел „да се истакне џезот и неговата дипломатска улога да ги обединува луѓето во сите краишта на светот“.  Овој ден се слави секоја година на 30 април, а идејата за негово одбележување потекнува од џез-пијанистот и амбасадор на добра волја на УНЕСКО, Херби Хенкок. Со Денот на џезот претседаваат Хенкок и генералниот директор на УНЕСКО. Прославата е забележана во календарите и на УНЕСКО, и на Обединетите нации.

„Институтот за џез Херби Хенкок” (поранешен „Институт за џез Телониус Монк”), американска невладина организација со која исто така претседава Хенкок, е водечки организациски партнер за Денот на џезот. Институтот ги координира активностите во земјите-членки на УНЕСКО, како и дел од прославите кои се случуваат глобално.

Здружението на џез музичари, ЗЏМ Скопје, по седми пат го организира централниот настан кој го одбележува Меѓународниот ден на џезот во земјава, за што има и официјална потврда и благодарница од самиот Херби Хенкок. Изминативе 6 години, на сцената на Фестивалот Today It's All About Jazz настапија огромен број на имиња, некои од нив мегапопуларни, а некои пак тука ги направија првите чекори во џез музиката.  На долгата листа се вбројуваат In Between, Bopheads, Летечки Пекинезери, Sethstat, Fierce, Гоце Ствековски Септет, Imaginary Folklore, Тони Китановски Трио, Џоле Грујовски Квартет, Kabadayas, Оливер Јосифовски Трио, Џезна, Михаил Јосифов Квинтет, ЗЏМ Биг Бенд Оркестар, Parussion group,Џијан Емин, Арбен Џафери, Апнеа, Дина Јашари, Pangea: Free The World, Bramha Amity, Гордан Спасовски Трио, Иван Иванов Трио, Џон Илија Апелгрен, SS Project, Offground Ensemble, Агни Авшар, Јордан Костов, Сашо Поповски, Филип Динев.  Сите овие учесници помогнаа во славењето на Меѓународниот ден на џезот, славејќи ги „придобивките на џез музиката како образовна алатка и сила која води кон мир, единство, дијалог и непречена соработка меѓу луѓето“.

„Оваа година го славиме Меѓународниот ден на џезот под истотo мото и особено задоволство ни е да го најавиме новото, седмо издание на Today It's All About Jazz. Повторно нè очекува целодневен хепенинг“, велат организаторите, споделувајќи ја листата на музички имиња кои ќе настапат на настанот: Џез за деца и млади, Квартет Акварела, Никола Бочваров Квартет, Филип Динев Трио - Филиp Динев/Тилман, Обербек/Јан Цајмец, ЗЏМ Биг Бенд - Проект Запа, Јуре Пукл Орган трио - Јуре Пукл/Марко Чрнчец/Крис Смит и Адедеџи „Јорува Одисеја”.

„Денот на џезот го започнуваме со програма за најмладите.  Со почеток од 13 часот, ќе се одржи креативна џез работилница за деца од 4 до 11 години која ќе ја води пијанистот и композитор, Гордан Спасовски. Децата - учесници ќе се запознаат со основите на џезот, со музичките инструменти (ритам секција: пијано, бас, тапани, гитара, солистички инструменти), но и ќе бидат дел од процесот на создавање џез музичка композиција која на крајот ќе биде изведена пред публика“, информираат организаторите и додаваат дека по џез работилницата следува настап на младински џез состав во кој членуваат Петар Марков  - Маруш (гитара), Давид Ѓоргиев (тапани) и Симеон Будро (бас).

Filip Dinev Trio ft. Tilman Oberbeck/Jan Zeimetz e најновиот  авторски  проект  на  македонскиот  гитарист и композитор, Филип  Динев,  кој го реализира во соработка со Тилман Обербек на контрабас и Јан Цајмец на тапани/перкусии.

Триото настанува во Хамбург, и претставува еден од најавтентичните и најактивните музички џез состави во регионот.   Елементи од џез, балканска и класична музика се интегрален  дел од  композиторскиот  печат  на  Динев.  Концертот е  навестување  на  новиот  албум на триото, со наслов „Romann“, и второ интернационално авторско издание на Динев, снимено во Хамбург.

Квартетот Акварела е група која од неодамна работи во Скопје. Составена е од Јани Костурски - вокал, Павел Ренџов - тапани,  и парот добро познати музичари на Македонската сцена: Ѓоко Грујовски - гитара и Маја Капсарова- бас. Името кое го носи овој проект (океанско-сина боја) е тесно поврзан со стилот кој оваа група го негува, а тоа е бразилски џез и боса нова.

Квартетот Никола Бочваров, покрај Бочваров кој е лидер на бендот, го сочинуваат Стефан Алексовски на клавијатури, Иван Петровски на гитара и Александар Ванчовски на тапани.  Бочваров е дипломиран контрабасист при Факултетот за Музичка Уметност во Скопје , оддел за популарни жанрови, додека џез едукација има стекнато на “Franz Schubert Konservatorium” во Виена.  Големото искуство и обемната работа во изминатите дваесетина години го направија еден од најбараните и најмаркантни басисти кај нас.

Новиот албум на Бочваров “ Гласна Тишина “ е едно од поголемите негови уметнички достигнување.  Тој претставува најдобар опис за неговата креативност , стручност, компетентност, и сведоштво за неговото долгогодишно искуство.

Јуре Пукл е словенечки џез-музичар (тенор и сопран саксофон, бас кларинет, композиција) кој свири модерен џез. 

Марко Чрнчец е еден од најпознатите современи музичари и најреномираните словенечки музичари, со седиште во Њујорк. На меѓународната сцена, тој е познат како мултиинструменталист, композитор, аранжер и продуцент кој лесно се движи низ жанрови,  особено низ џез, класична и популарна музика.

Крис Смит е професор на Универзитет за музика и изведувачки уметности Грац, Австрија.  Во Њујорк редовно настапува со Биг Бендот Birdland, а има настапувано и со Vanguard Jazz Orchestra, Dick Oatts Quintet, Troy Roberts, Andrew Gould Quartet и Randy Brecker.

Исклучителното трио Jure Pukl Organ trio feat. Marko Črnčec & Chris Smith ќе настапи премиерно на овогодинешната манифестација Today It’s All About Jazz Vol.7 со материјал кој ќе биде за прв пат изведен пред нашата музика, и се движи во границите на модерниот џез.

Адедеџи е нигериски пејач, гитарист, композитор, аранжер и мултиинструменталист.  Неговиот бенд составен од девет луѓе вклучува некои од најдобрите студиски музичари од Нигерија, најгруви ритам-секција, прекрасни машки и женски придружни вокали и неверојатна дувачка секција кои го надополнуваат афро-бит звукот.

Музиката на Адедеџи се движи во рамките од соул до џез, до блуз, до фанк, до традиционална јорупска музика.  Текстот на неговите песни е на јорупски, англиски и Пиџин англиски. Во текстовите, Адедеџи го разгорува традиционалниот идентитет на јорупската култура користејќи гатанки и поговорки и зборувајќи за општеството.

ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот е единствен оркестар од ваков тип во нашата држава.

По неговото основање во 2016 година, оркестарот во наредните години успеа да го зацврсти своето место на македонската џез сцена и да прерасне во значен фактор за развој на културата воопшто.

Зад себе има повеќе настапи меѓу кои концертот ZJM Jazz Orchestra plays the Beatles, RADIOHEADJAZZ!, Baby it’s cold outside, Електро-акустичниот концерт, ZJM Big Band Orchestra & Macedonian Guitar Heroes, ЗЏМ Биг Бенд и Филхармонија, ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот како придружба на џез вокалот Курт Елинг, ЗЏМ и Рамбо Амадеус, ЗЏМ и Луис Бонила.

За оваа прилика биг бендот ќе го изведе проектот Запа - неповторливиот Френк Запа, во изведба на ЗЏМ Биг Бендот. Ќе ги чуете композициите на еден од најиновативните и стилски најразновидните музичари на 20 век во Биг Бенд изведба.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе