Претставниците на Милан остварија средба со дефанзивецот на Барселона, Жан-Клер Тодибо, на која беа договорени личните услови на договорот на играчот.
20-годишниот Французин се согласи да премине во италијанскиот клуб, пишува Sky Sport.
Милан сака да го позајми Тодибо до крајот на тековната сезона со опција за откупување на неговиот договор со понуда од 20 милиони евра.
Тодибо настапи само на три натпревари за Каталонците оваа сезона.