Токсична машкост во НБА: Кајл Кузма ја разбранува јавноста со неговиот моден избор

Дискриминацијата и токсичната машкост се проблеми со кои се соочува целиот свет, а се особено избиваат во професионалниот спорт.

Не е новост дека НБА е повеќе од спорт и дека нејзината шоу-бизнис страна е често поважна од она што се случува на паркетот. Така, меѓу другото, големо внимание се посветува на тоа што носат кошаркарите кога доаѓаат на натпревари.

Но, се чини дека јавноста уште е подготвена да ги гледа НБА кошаркарите како ништо друго освен „совршени примери на машкоста“, па изглед што отскокнува од овие непишани стандарди веднаш се етикетира како „екцентричен“, па дури и невкусен.

Кајл Кузма влезе во салата на Вашингтон Визардс пред натпреварот против Шарлот во волуменозен розов џемпер со ракави допираа до колена.

URL

Тој со својот моден избор ја разбранува јавноста, вклучувајќи ги навивачите и колегите кошаркари. По коментарите е јасно дека од еден НБА кошаркар се очекува да ги задоволи „критериумите“ на мачо спортист, па јасно испливува на површина токсичната машкост што владее во светот на професионалниот спорт.

„Нема шанси тоа да си го облекол! Ова нема да го лајкнам бидејќи е скандалозно", му напиша неговиот поранешен соиграч Леброн Џејмс, па Кузма се обиде да го разубеди.

Навивачите не беа нешто поблаги и се охрабрија да го исмеваат Кузма, дури и коментирајќи дека со ова „заслужил суспензија од 15 натпревари“.

URL
URL

Токсична машкост

Токсичната машкост (или токсична мажественост) е концепт што се користи во академските и медиумските дебати за машкоста за да се однесува на одредени културни норми поврзани со штета на општеството и на самите мажи. Традиционалните стереотипи за мажите како социјално доминантни, заедно со сродните особини како мизогинија и хомофобија, може да се сметаат за „токсичен“ дел поради нивното промовирање насилство, вклучително и сексуално насилство и семејно насилство. Социјализацијата на момчињата во патријархалните општества често го нормализира насилството, како во изреката „boys will be boys“ во смисла на насилство и агресија.

Самодоволноста и емоционалната репресија се поврзани со зголемени психолошки проблеми кај мажите како депресија, зголемен стрес и злоупотреба на супстанции. Токсичните машки особини се карактеристични за неискажаниот кодекс на однесување на мажите во затворите, каде што делумно постојат како одговор на суровите услови на затворскиот живот.

„Иако феминистките се особено загрижени заради оваа појава, тие не го измислиле терминот токсична машкост. Тој потекнува од машките движења од 80-тите и 90-тите години на 20. век кои сакаа да укажат на тесната, општествено коструирана верзија на машкоста што ги присилуваше мажите да ги негираат своите вистински чувства и меѓусебно да се натпреваруваат наместо да се поврзуваат и соработуваат“, пишува Сузан Ј. Даглас за In These Times.

„Различни студии ја докажуваат врската меѓу мажите кои ги прифаќаат моделите на однесување на токсичната машкост и делуваат во согласност со неа и од друга страна, редицата проблеми: од проблематични врски и депресија, алкохолизам, манифестирање на бес, физички напади и други криминални однесувања, па сѐ до самоубиства. На Универзитетот во Инидијана, во 2016 година биле прегледани 78 студии кои опфаќале речиси 20 000 испитаници и се покажало дека мажите што одговараат на стереотипните мачо модели на однесување многу поретко бараат помош за тие проблеми и главно се одликуваат со лошо ментално здравје. Еден од моделите кои ‘најдоследно и најсилно’ се поврзуваат со негативно ментално здравје е желбата да се има ‘моќ врз жените’. Што е заклучокот на авторите на тие истражувања? Сексизмот е штетен и за мажите“, стои во текстот објавен во okno.mk.

реклама

Секс во бременост: Дали е безбеден за бебето и кои пози и се најудобни на жената?

Read more

Ситуации и места каде што е најлесно да се заразите со омикрон

Read more

Зеленчук што дебелее: Ако сте на диета, внимателно колку го јадете

Read more

IQ мапа: Кој е поглуп, а кој попаметен од Македонците во Европа?

Read more

Кошарка

Трипл-дабл на Дончиќ за победа на Далас, Леброн ги водеше Лејкерс до важна победа

Read more

Перо Антиќ: Спортот и кошарката не се бојно поле на политичарите, туку на спортистите

Read more

Далас предводен од Дончиќ ја прекина победничката серија на Мемфис

Read more

Новинар најде дупка во законот со која антиваксерот Ирвинг може да игра и дома

Read more
 

Спорт

Билетите за СП 2022 за Катарците ќе чинат 11 долари, за странците најевтините 70 долари

Читај повеќе

Надал: Играм голф, не сум голем љубител на фитнес

Читај повеќе

Судијата заплака по вчерашниот скандал со Милан, Ибра се покажа како џентлмен

Читај повеќе

Милевски за Жоржињо, Ристовски за Левандовски

Читај повеќе

Нордијците Јада и Цветановска ќе нѐ претставуваат на ЗОИ во Кина

Читај повеќе

Како гласаа Роналдо, Меси и Левандовски во изборот на ФИФА?

Читај повеќе

Кои се најцрните сценарија за Новак Ѓоковиќ?

Читај повеќе

Медведев го смета Надал за фаворит на Австралија Опен

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиоли: Судијата ни се извини

Читај повеќе