Филм & ТВ

Том Хенкс прогласен за најдобар актер на сите времиња

12. јануари 2018 - 12:01 | М.Д.

Ако сметате дека Том Хенкс е најдобриот актер во историјата, сега имате и потврда за тоа.

Ѕвездата во филмовите „Forest Gamp“, „Big“, „Turner & Hooch“, „A League of Their Own“ и други, освои најголем број на гласови во анкета на познатата дигитална медиумска куќа Ranker од Лос Анџелес.

За Хенкс својот глас го дале 1.1 милиони корисници.

Преостанатиот дел од листата на најдобри актери на сите времиња изгледа вака:

1. Том Хенкс

2. Бет Дејвис

3. Марлон Брандо

4. Џејмс Стјуарт

5. Кетрин Хепберн

6. Роберт де Ниро

7. Џек Николсон

8. Морган Фриман

9. Ентони Хопкинс

10. Дастин Хофман  

Коментирај